Случајот Феникс којшто го отвори надлежна институција, Обвинителство, покажа дека само за 11 споменици ДПМНЕ злоупотребиле 57 милиони евра, пари на граѓаните, обвинија утрово од СДСМ.
Како што велат од партијата на власт, додека луѓето осиромашувале ДПМНЕ на грбот на народот краделе пари.
-Прашањето е колку градинки, колку училишта, болници можеле да се направат, за доброто на народот. Но, од ДПМНЕ решиле наместо во градинки, училишта, болници, парите на народот во нечии џебови да завршат. Затоа во времето на ДПМНЕ немаше нови градинки, немаше нови школи, затоа што се крадеше, порачаа од владеачката партија.