Семејно насилство во Скопје: Жена нападната од сопругот и свекорот

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Жена била жртва на семејно насилство, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, на 02.07.2023 во 21.20 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Ш.Ф.(34) и И.Ф.(67), двајцата од Скопје.

Тие во домот во скопско село физички ја нападнале 44-годишната невенчана сопруга, односно снаа.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок од страна на полицијата.