Дескоска: Уставниот суд да го поништи новото упатство и да го укине спорниот дел од законот за матична евиденција

од Nikola Popovski
605 прегледи

Одлуката на Уставен суд да почне постапка е добра вест, а законот е испочитуван бидејќи тој предвидува националност во матичните книги, а не во изводот. Изводот не мора да ги содржи сите податоци од матичната книга, објави професорката и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска откако Уставниот суд одлучи да го преиспитува новото Упатство за матични книги.

Дескоска истакнува дека етничката припадност спаѓа во групата на „сензитивни“ податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на лични податоци.

-Други такви податоци се податоци за религиозна припадност, политичка определба, здравствена состојба, сексуална ориентација и сл. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, а јас лично во декември 2019 го потпишав и Протоколот за нејзина измена со кој дополнително се зајакнува заштитата на овие чувствителни податоци. Тој Протокол е ратификуван во Собранието во јуни 2021 и е задолжителен за нас. Според уставните одредби, меѓународните договори што се ратификувани согласно со уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон. Уште помалку со упатство. Значи нашиот устав ги става меѓународните договори под уставот, но над законите. Согласно ова, јас очекував дека надлежното министерство ќе предложи измена на Законот за матична евиденција, заради усогласување со меѓународните обврски, а не измена на упатството за примена на законот. Ова што се случува во моментот е ретограден процес и непочитување на меѓународните обврски кои сме ги презеле како држава, стои во нејзината објава на социјалните мрежи.

Законот за матична евиденција, кој е донесен во 1995 година предвидува во матичната книга да се води податок за националност на родителите. Затоа мислам дека е добра веста што дојде од Уставниот суд дека ќе го искористат

-Затоа мислам дека е добра веста што дојде од Уставниот суд дека ќе го искористат судскиот активизам и ќе покренат постапка за оцена на уставноста на упатството. Би била одлична вест, доколку како епилог на таа постапка, Уставниот суд го поништи новото упатство, а го укине спорниот дел од законот, повикувајќи се на меѓународните акти кои ги имаме потпишано и ратификувано, наведува Дескоска.

Слични содржини