Мицкоски на браникот на криминалот на партијата која има конфискуван имот, порачаа од СДСМ

од Nikola Popovski
273 прегледи

СДСМ утрово преку соопштение повторно порача дека случајот Феникс го потврди „вистинското, криминално лице на ДПМНЕ“.

Според СДСМ, 15 лица, меѓу кои и поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ се осомничени дека злоупотребиле 57 милиони евра пари на граѓаните за 11 споменици од Скопје 2014.

-Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација а народот го осиромашуваше само за да се богатат поединци од Белата палата. Нема никаква промена во ДПМНЕ, единствената партија во Европа што има конфискуван имот за кој со судска пресуда е докажано дека е нелегално стекнат, врз грбот на граѓаните. Бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ДПМНЕ, меѓу кои и за злосторничко здружение. Сето ова се факти кои не говорат добро за ДПМНЕ, напротив, велат од партијата на власт.

Од „Бихаќка“ потенцираат дека наместо лидерот на партијата, Христијан Мицкоски да побара целосно расчистување на сите случаи и одговорност на секој што го прекршил законот тој го брани криминалот на ДПМНЕ.

Слични содржини