Еден од возовите во забавниот парк во Висконсин во неделата се заглавил и останал да виси во воздух за време на возење. Осум патници останале заглавени во возот и виселе наопаку повеќе од три часа, соопшти пожарникарската служба Крандон.
„Имаше механички дефект за време на возењето и возот се заглави во исправена положба“, изјави капетанот на противпожарната служба Бренан Кук.
На видеата на социјалните мрежи се гледа како спасувачот се качува во возот додека патниците чекаат наопаку. Поради висината на возот, на помош била повикана специјална опрема и спасувачки екипи, се наведува во соопштението.
Патниците чекале да дојде камион со скала од далечина од 45 минути, се вели во соопштението. Во спасувањето на патниците учествувале десет противпожарни возила, девет амбулантни возила и 50 лица од три реони, соопштија пожарникарите.