Силен дожд поплави делови од Битола, свикана вонредна седница на Општинскиот кризен штаб

од Vladimir Zorba
917 прегледи

Во Битола попладнево силен дожд поплави делови од градот, предизвика прекин на сообраќајот на повеќе сообраќајници, а има и поплавени визби и домови.

Невремето го принуди градоначалникот Тони Коњановски да свика вонредна седница на Општинскиот кризен штаб која е во тек.

Од локалната самоуправа најавија акција на јавните комунални претпријатија, справување со состојбата по обилниот дожд кој престана да паѓа, но најверојатно предизвика штети кои ќе бидат регистрирани.

Слични содржини