Бајден: Многу е важно Шведска да влезе во НАТО

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска, за време на средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Белата куќа, дека е многу важно Шведска да влезе во НАТО.

„САД целосно го поддржуваат членството на Шведска во НАТО. Шведска ќе ја направи нашата Алијанса посилна и ќе го има истиот вредносен систем што го имаме во НАТО. Се радуваме на вашето членство“, му рекол Бајден на Кристерсон, според Блумберг.

Тој додаде дека шведскиот премиер е „ценет пријател“ на Вашингтон.

Слични содржини