Грета Тунберг на суд

од Stefanija Kuzmanovska
386 прегледи

На шведската активистка за заштита на животната средина Грета Тунберг ќе ѝ се суди овој месец под обвинение за „непослушност на полицијата“ за време на протест, соопшти шведското обвинителство.

Тунберг (20) во јуни ѝ се придружи на групата млади демонстранти кои блокираа танкери со нафта во Малме, од каде што одби да замине кога тоа беше наредено од полицијата, јавува Би-Би-Си.

За тоа би можела да биде казнета со шест месеци затвор или парична казна.

„Обвинителот поднесе обвинение против младата жена која учествуваше во климатските демонстрации што предизвикаа прекин на сообраќајот во Малме на 19 јуни оваа година“, соопшти обвинителството, додавајќи дека Тунберг одбила да го напушти протестот.

Тунберг и тројца демонстранти од групата „Reclaim the Future“, која го блокираше пристаништето шест дена барајќи мерки против климатската криза, се повикани на суд на 24 јули.

Слични содржини