МВР со детали за пукањето врз таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски

од Nikola Popovski
671 прегледи

Министерството за внатрешни работи го потврди пукањето врз Љупчо Костадиновски, татко на исчезнатиот Самоил, за кое „Локално“ објави денеска.

Според МВР, Љупчо е веднаш пренесен во болница.

-Денеска во 08.38 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ.К (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.

Самоил Костадиновски веќе четврти месец како се смета за исчезнат. Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно, како влегува во автомобил, во кој имало уште неколку лица.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред отприлика еден месец соопшти дека истрагата за Костадиновски е сè уште во тек и се преземаат низа криминалистички дејствија, при што две лица се уапсени и се во притвор.

Семејството се роднини на сопругата на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Слични содржини