Петмина млади мажи од областа Дубровник се обвинети дека ставиле четворица мажи, еден Хрват, двајца државјани на БиХ и еден државјанин на Северна Македонија, во понижувачка положба преку насилство, изживување, злоупотреба и друго особено дрско однесување на јавно место, пренесоа хрватските медиуми.
Поради основано сомнение дека сториле кривично дело насилничко однесување, истражниот судија на Жупанискиот суд во Дубровник им одреди едномесечен притвор.
Како што соопшти Жупанискиот суд во Дубровник, притвор е одреден со оглед на начинот и околностите на извршување на кривичното дело насилничко однесување, бидејќи при физичкиот напад врз сезонските работници покажале крајна агресивност, несовесност и бруталност, како и поради опасност од повторување на кривичното дело.