Украинската армија: Русија го нападна Киев со дронови „шахид“, сите беа соборени

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

Русија синоќа изврши воздушен напад врз Киев, а според прелиминарните информации, украинската ПВО ги соборила сите дронови „шахид“ од иранско производство, лансирани од руска страна, соопшти украинската армија.

Шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко, на Телеграм напиша дека руските сили го нападнале Киев од воздух по втор пат од почетокот на овој месец.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. Предупредувањето за воздушен напад врз Киев и други делови на источна Украина траело повеќе од еден час.

Слични содржини