194
Истакнатиот белоруски уметник Алес Пушкин почина во затворот во Гродно во западна Белорусија на 57-годишна возраст под неразјаснети околности, соопшти центарот за човекови права „Вјасна“.
Белорускиот уметник кој фрли ѓубриво пред канцеларијата на претседателот Александар Лукашенко, почина во затвор, каде издржуваше петгодишна казна, пишува „Гардијан“.
Неговата сопруга, Јанина Демуч, изјави за АП дека тој „починал во одделот за интензивна нега во затворот под неразјаснети околности“.