Брат ја истепал сестра си и не ѝ дозволил да излезе од дома, му помогнала и маќеата

од Nikola Popovski
349 прегледи

Полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д. М. (20) од гостиварско село, со престој во Гостивар.

Се сомничи дека со сопругата на татко му, П.М. (47), физички ја нападнале неговата 23-годишна сестра и не ѝ дозволиле да излезе од домот.

Во врска со настанот во полициска станица бил извршен службен разговор и со П.М.

МВР ќе поднесе соодветна пријава по целосно документирање на случајот.