Неколку лица се тешко повредени во напад со нож во петокот во холандскиот град Лајден.
Полицијата соопшти дека трага по маж кој утрово повреди неколку лица во дом во центарот на градот.
Осомничениот се здобил со повреда на главата, велат оттаму.
Полицијата побара од јавноста да не му приоѓа на човекот.
Нападот се случил во хуманитарен центар во кој се наоѓаат повеќе социјални установи, соопштија од јавниот сервис НОС.