Деркоски доби ослободителна пресуда

од Nikola Popovski
372 прегледи

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда за поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, кој беше обвинет за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Покрај Деркоски, ослободени од обвинение беа и тројцата вработени во ДИК и еден управител на економски оператор кои се товареа дека извршиле „злоупотреба на службена положба и овластување“ при спроведување на две јавни набавки со што го оштетиле Буџетот за 1 312 409 денари или околу 21 илјада евра.

Според Судечкиот совет, јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетите ги сториле делата за кои што се товарат.

Според обвинението, тројцата вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор ДУНА ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови.

Процесот го водеше судијата Илија Трпков.

Слични содржини