Стравични експлозии: Објавено ВИДЕО од нападот на Кримскиот мост

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

На социјалните мрежи е објавено драматично видео од ударот на подводните дронови на Кримскиот мост, пишува Daily Mail.

На видеото во близина на самиот мост се гледаат огромни огнени топки, а како што пишува британскиот таблоид, експлозиите се слушнале дури до блиските градови.

Судејќи по фотографиите од местото на настанот, еден сегмент од мостот паднал од потпорните столбови.

Да потсетиме, рускиот национален антитерористички комитет денеска соопшти дека украинските „специјалци“ го нападнале мостот на Крим со подводни дронови кои можат да се движат по површината на водата.

Во нападот што се случи рано утринава загинаа Наталија (36) и Алексеј (40) Кулик, додека нивната ќерка е тешко повредена.

Слични содржини