ЕУ ќе искешира 20 милијарди евра за украинските воени сили

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Европската унија ќе обезбеди 20 милијарди евра во следните четири години за потребите на украинската војска, изјави во четвртокот високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ објасни дека во рамките на Европскиот инструмент за мир, од кој ЕУ обезбеди воена помош за Украина, во следните четири години ќе има посебно поглавје со фонд од 5 милијарди евра годишно.

Новиот фонд за одбрана на Украина има за цел да обезбеди сигурност и предвидливост на европската помош.

Од февруари минатата година од Европскиот инструмент за мир се обезбедени 5 милијарди евра. Со овие средства на земјите-членки им се исплати обесштетување за оружјето и муницијата што и го доставија на Украина.

Шефовите на дипломатиите разговараа и за односите со Турција на последната средба пред летната пауза. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна ја услови својата согласност за прием на Шведска во НАТО со заживување на процесот на пристапување на Турција во Европската унија.

Борел на прес-конференцијата рече дека не може да се разговара само за тоа што ЕУ очекува од Турција, туку дека треба да ги гледаме работите од другата страна – што очекува Турција од ЕУ.

Слични содржини