Човек освои милијарда на лотo во САД: Продавницата во која се продал тикетот ќе добие милион долари!

од Nikola Popovski
353 прегледи

Засега непознато лице освоило 1,08 милијарди долари на „Powerball“, а добитниот тикет го купил во средата вечерта во продавница во Лос Анџелес, објави Си-Ен-Ен.

Извлечените броеви биле 7, 13, 10, 24, 11, а „Powerball“ бил 24.

Среќниот добитник ќе може да избере дали ќе ги подигне парите веднаш, при што ќе му бидат исплатени 558,1 милиони долари или лотаријата ќе му ја исплати целата сума на 30 еднакви годишни рати.

Тоа е шеста најголема добивка на лотарија во САД и трет по големина џекпот на „Powerball“, зад светскиот рекорд од 2,04 милијарди долари, поставен минатата година и 1,58 милијарди долари, освоен во 2016 година.

Тикетот е продаде во мини маркет во центарот на Лос Анџелес, а продавницата ќе добие речиси 1 милион долари за продажбата. Сопственикот на продавницата Набор Херера изјавил дека со дел од парите ќе ги однесе сопругата и четирите деца на луксузен одмор.

Претходните добивки на „Powerball“ беа извлечени на 19 април, кога премијата беше 252,6 милиони долари.

После тоа имаше 38 извлекувања без добивка, а шансите за освојување на џекпот денес беа еден спрема 292,2 милиони.

Слични содржини