Жена во Загреб ги бара хероите кои ја спасиле од невремето, објави ВИДЕО

од Stefanija Kuzmanovska
400 прегледи

Во страшното невреме што го зафати Загреб пред два дена, една жена се заглави во невремето и остана закачена на патен знак додека околу неа камшикуваа гранки од дрвја и силен ветер.

Таа во четвртокот на Фејсбук сподели видео на кое е снимен пеколот низ кој поминала, а се со цел јавно да им се заблагодари на случајните минувачи кои ја спасиле од невремето и веројатно ѝ го спасиле животот.

Нејзината објава ја пренесоа регионалните медиуми:

„Утрото потоа… кога веќе има видео снимено од сосед, имам потреба да му се заблагодарам на случаен минувач кој случајно се нашол таму бидејќи не можел да оди понатаму поради паднато дрво и ламба што му го попречила патот. На само чекор од влезот во зградата, бев прикована на патниот знак додека летаа гранки наоколу и дуваше силен ветер и врнеше дожд. Тие несебично ми пријдоа на помош и ме извлекоа од ужасот. Им благодарам уште еднаш од се срце. Фала, непознат човеку, ја отвори вратата од автомобилот и излезе во тој налет на ветрот. Благодарение на тоа двајца луѓе можат да слават нов роденден бидејќи без нивна помош немаше да издржам. Ви благодарам добри луѓе 10000 пати“, напиша таа.

Да потсетиме, и денеска е во сила портокалово предупредување поради обилните врнежи и грмотевици, како во Хрватска, така и во Босна и Херцеговина.

Слични содржини