Расчистена кражба од лани: Приведени две лица, едно вратено во казнено-поправна установа

од Nikola Popovski
157 прегледи

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров расчистија кривично дело разбојништво извршено на 04.08.2022 во продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје.

Притоа, во врска со случајот на 05.08.2022 од слобода беа лишени Л.Ј., на кој му била одредена мерка притвор и Ш.И., кој бил вратен во казнено-поправна установа каде издржувал затворска казна.

Додека, вчера од слобода бил лишен М.И.(19) од с.Крушопек, скопско и во неговиот дом бил извршен претрес со судска наредба. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.