386
Легендарниот поп и џез пејач Тони Бенет почина на 97-годишна возраст.
Како што пренесува „Скајњуз“, во 2016 година му била дијагностицирана Алцхајмерова болест.
Бенет е познат по настапите со Френк Синатра и има продадено милиони плочи ширум светот, освои 20 Греми и награда за животно дело.
Својот прв албум го издаде во 1952 година, кога беше во раните дваесетти години, а во секоја наредна деценија од неговиот живот беше на американските топ листи.
Пет години откако му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест, тој излезе во јавноста, а еден од неговите најпопуларни цитати стана: „Животот е подарок, дури и со Алцхајмер“.
Подоцна истата година, тој продолжи да настапува, појавувајќи се на сцената со Лејди Гага. Ова беа неговите последни настапи.