МВР излезе со официјални информации за превртеното возило на дваесетина километри пред граничниот премин „Богородица“. Според полицијата, до несреќата дошло откако возачот изгубил контрола и удрил во ограда.
Денеска околу 08.20 во СВР Струмица е пријавено дека на автопатот А1 после тунелите кон клучка Миравци, патничко возило „цитроен Ц5“ со босански национални ознаки, излегло од коловозот, удрило во заштитната ограда и се превртело на патот. Лицата од возилото се пренесени во медицинска установа, но досега не се пријавени констатирани повреди. Увидот е во тек, велат од МВР.
Како што претходно објави „Локално“, сообраќајот се одвива само во една лента, а полициски службеници го регулираат. Екипа на Брза помош веднаш пристигнала на самото место на настанот.