Пронајдени тројцата странски туристи кои се изгубиле во Националниот парк Галичица

од Nikola Popovski
198 прегледи

На 23.07.2023 во 15.42 часот во СВР Битола, Н.А.(33) од САД пријавила дека таа, нејзиниот сопруг Л.Ц.(33) и нејзиниот брат J.A.(30), сите државјани на САД, се изгубиле во Националниот парк Галичица.

Според пријавеното, тие тргнале да планинарат кон врвот Галичица, при што се разделиле и по кратко време се изгубиле.

Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Ресен, во содејство со спасувачката служба на Црвен крст од Охрид извршија пребарување на теренот, при што во 17.30 часот биле пронајдени, а подоцна биле спуштени на патеката што води кон село Лескоец, каде што биле прифатени и со возило од Националниот парк Галичица биле транспортирани до асфалтниот пат Царина-Трпејца. Притоа, тие биле прегледани од екипа на Итната медицинска помош Ресен и било констатирано дека се во добра здравствена состојба, по што заминале во сместувачкиот објект во Охрид.

Слични содржини