Украинските власти: Руски напад со дронови врз Киев

од Stefanija Kuzmanovska
142 прегледи

Украинските сили спречија напад на руски беспилотни летала во Киев во текот на претходната ноќ, соопштија украинските воени власти, додавајќи дека нема жртви или материјална штета.

„Синоќа непријателот го нападна Киев со беспилотни летала. Сите воздушни цели беа откриени и уништени. Според досегашните информации, нема жртви или разурнувања во главниот град“, изјави утрово началникот на локалната воена управа Сергиј Попко.

Во Киев синоќа имаше тревога, а воените власти ги повикаа жителите да останат во засолништа.

Попко рече дека тоа е шести напад со беспилотни летала врз Киев во текот на јули.

Руските власти вчера најавија дека ќе одговорат на нападот со дронови што го изврши Украина во Москва и Крим.

Слични содржини