268
За време на нападот со касетна муниција врз градот Костијантинивка во источна Украина, загинаа три лица; меѓу нив и две деца, изјави вчера локален воен претставник.
„Во понеделникот се случи уште една трагедија. Касетна муниција Smerch MLRS експлодираше над водена површина. Загинаа 11-годишно девојче, 10-годишно момче и 28-годишен маж. Уште шест лица се повредени“, изјави Павло Кириленко, шеф на воената администрација на регионот Доњецк во интервју за украинската телевизија.
„Мајката на починатото момче е во тешка состојба, таа е евакуирана во соседниот регион. Непријателот користи касетна муниција против цивили. Ги повикувам родителите со деца да се евакуираат“, додаде Кириленко, а пренесува Си-Ен-Ен.