Многу луѓе чувствуваат болка во нозете додека одат, но тоа го припишуваат на стареење или замор. Сепак, таквата болка може да биде знак за нешто многу посериозно.
Ако ве болат нозете при одење, можеби страдате од болест на периферните артерии (ПАБ), предупреди професорот Дејвид Њуби од Британската фондација за срце.
„Ако чувствувате стегање или грчеви во вашите листови додека одите, можеби е паметно да го посетите вашиот лекар бидејќи тоа може да бидат индикатори за ПАБ. Болеста е најчеста кај пушачите и дијабетичарите“, вели тој.
Кај периферните артериски заболувања, масните наслаги во артериите го ограничуваат протокот на крв во мускулите на нозете, предизвикувајќи болка. Овие делови од маснотии можат да го блокираат и протокот на крв во мозокот, што може да доведе до фатални срцеви и мозочни удари.
Како да се спречи ПАБ?
Лекарите советуваат редовно вежбање, избегнување пушење цигари и исхрана богата со овошје, зеленчук, здрави масти и цели зрна.
Основните предизвикувачи, вклучувајќи висок крвен притисок, висок холестерол и дијабетес, исто така треба да се третираат.