Северна Македонија се приклучи на новата одлука на Советот на ЕУ за рестриктивни мерки поради ситуацијата во Сирија.
Како што соопшти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на 14 јули Советот на ЕУ ја усвоил одлуката (ЗНБП) 2023/1467, со која се продолжува „хуманитарниот исклучок“ во врска со претходно донесените рестриктивни мерки поради ситуацијата во Сирија.
Освен Македонија, и сите други земји-кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан се приклучија кон новата одлука на Советот на ЕУ (Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина).
Кон одлуката се приклучиле и Грузија, Норвешка и Лихтенштајн.
Тие ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со оваа одлука, а ЕУ ја забележува оваа посветеност и ја поздравува, се наведува во соопштението.