180
Обвинителството ја прошири кривичната постапка против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, поднесувајќи нови обвиненија против него и еден од неговите вработени во процесот на неовластено задржување доверливи документи откако тој ја напушти претседателската функција.
Во проширеното обвинение се наведува дека Трамп и неговиот соработник Карлос де Оливеира се обиделе да ги спречат истражителите да ги прегледаат снимките од безбедносните камери од Мар-а-Лаго, одморалиштето на поранешниот американски претседател.
Вкупниот број точки на обвинението е зголемен за три и сега изнесува 40, бидејќи Трамп повторно е обвинет за незаконско задржување доверливи информации поврзани со националната одбрана, објави „Ројтерс“.