Трагедија во Струмица: Загина 17-годишно момче во сообраќајка

од Nikola Popovski
339 прегледи

На 27.07.2023 во 23.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од село Босилово, струмичко.

Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал 17- годишен сопатник на мотоциклот, а лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт. Додека,  со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.

Слични содржини