Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „не ја отфрла идејата за мировни преговори со Украина“.
По средбата со африканските лидери во Санкт Петербург, тој посочи дека африканската и кинеската иницијатива може да послужат како основа за постигнување мир.
Путин исто така рече дека е тешко да се постигне прекин на огнот додека украинската армија е во офанзива.
Русија и Украина претходно најавија дека нема да седнат на преговарачка маса доколку претходно не се исполнат одредени услови.
Украина сака да ги врати своите граници од 1991 година, на што Кремљ жестоко се противи.
Москва вели дека Киев мора да ја прифати „новата територијална реалност“ за да има преговори.
За време на конференцијата доцна во саботата, Путин рече дека засега нема планови за поинтензивни акции на украинскиот фронт.