Попладнево пожар ја зафатил една од напуштените галии во реката Вардар, во близина на хотелот „Холидеј ин“.
Над неа може да се забележи голем црн чад.
Екипите на противпожарната екипа се веќе на терен и го гаснат пожарот.
Засега не се познати причините за избувнувањето на оганот. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Не е првпат оваа галија да биде опожарена. Пред две години, исто така се разгоре пожар. Град Скопје уште тогаш почна да ја урива галијата. Иако имаше најави дека целосно ќе биде отстранета од коритото на Вардар, запуштениот објект се уште стои во водите.