215
На 03.08.2023 година во 01.00 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.Ц.(19) од село Василево, струмичко. Тој се сомничи дека на 02.08.2023 година околу 21.30 часот во Струмица со закани од А.А.(54) одзел пари.
К.Ц. бил задржан во полициската станица Струмица, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.