Прифатени се Сите услови на Христијан Мицкоски што самиот тој ги постави за неговата партија да поддржи уставни измени, велат од СДСМ после доставените оставки од министрите и функционерите на ДУИ.
Од владеачката партија порачуваат дека се што треба да направи ВМРО-ДПМНЕ е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени. Во спротивно, како што велат, ќе покажат дека се несериозни и неодговорни пред сопствениот народ и пред иднината на државата.
Од партијата нагласуваат дека по 17 години во чекалната, ги започнавме преговорите со ЕУ, со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност.
Министрите во Владата од редовите на Демократската унија за интеграција поднесоа оставки од своите функции, кои ќе стапат на сила откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгласа уставните измени.
„Министрите и државните службеници од редовите на Демократската унија за интеграција поднесоа оставки од претходните функции. Оставките, господине премиере, автоматски стапуваат во сила во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, објави во неделата лидерот на ДУИ Али Ахмети.