381
Денеска (05.08.2023) Хеликоптерската единица за полициски намени дејствувала во реонот на Свети Николе, каде успешно бил локализиран пожарот кој настана околу 11.30 часот.
Притоа хеликоптерите на МВР (Мi171 и Bell412) во 34 наврати исфрлиле 54 тони вода. Пожарот е целосно локализиран.
Поради опасноста огнот да ги зафати блиските штали и викендички, во гаснењето биле активирани припадници на противпожарната единица од Свети Николе и доброволното противпожарно друштво.
Горела сува трева и ниска вегетација.