Излетало возило на МВР: Полицајци се бркале со дрвокрадци кои фрлале дрва

од Nikola Popovski
531 прегледи

Полициска кола синоќа излетала од патот по судар со товарно возило што носело дрва, информираат денеска од МВР.

На 05.08.2023 околу 21.00 часот на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп и полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“ без регистарски ознаки натоварено со дрва, но возилото продолжило со движење.

Притоа, совозачот фрлал дрва по патот за да го блокира патот на полициските службеници, додека пак возачот на товарното возило со задната страна го удрил службеното полициско возило и го спречил да го престигне, по што службеното возило излетало од патот. Кај место викано „Три багреми“ товарното возило било пронајдено.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.