Новата методологијата за усогласување на пензиите со растот на просечната плата и растот на трошоците за живот обезбедува системско решение за раст на пензиите два пати годишно, кое не зависи од ничија политичка волја, велат од СДСМ, порачувајќи дека континуирано покажуваат вистинска грижа за пензионерите.
Пензиите од јануари 2022 година до септември 2023 година ќе пораснат за 24 отсто, а веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за уште околу 6 отсто.
СДСМ истакнува дека од 2017 година досега минималната пензија е зголемена за 46 отсто и најавува дека продолжува со креирање и реализација на мерки што значат подобри услови за живот за пензионерите.
По протестите на прилепските и кочанските пензионери за линеарно покачување на пензиите, од Министерството за труд и социјална политика информираа дека според Законот за пензиско и инвалидско осигурување нема основ за такво нешто, а такво усогласување не постои ни во земјите на нашето опкружување, ниту во пензиските системи на европските земји.