ДПМНЕ е криминална партија, Мицкоски да сфати дека времето на локални шерифи одамна е завршено. ДПМНЕ е криминална партија и тоа е докажано со правосилни судски пресуди. Затоа и не чуди што оваа партија брани лица осомничени за сторени кривични дела како што е последниот случај со нивниот градоначалник на општина Кочани, стои во соопштението на владејачката СДСМ.
„ДПМНЕ раководена од Христијан Мицкоски а длабоко навлезена во режимската матрица мисли дека нивните градоначалници можат да се однесуваат како локални шерифи како што тоа го правеа во време на режимот, па затоа со сите сили се обидуваат да го заштитат нивниот градоначалник кој е осомничен дека ја злоупотребил службената положба.
ДПМНЕ и Мицкоски треба да знаат дека времето на локални шерифи заврши, денес секој граѓанин, секој функционер без разлика од функцијата што ја извршува и без разлика на партиската припадност одговара пред законите.
Со денешните очајнички обиди за релативизирање на сомневање за сторено крвично дело, Мицкоски и ДПМНЕ само покажаа дека уште се на браникот на криминалот“, се наведува во соопштението.