По убиството на грчкиот навивач, УЕФА се заканува со исфрлување на Динамо Загреб од ЛШ?

од Nikola Popovski
609 прегледи

Најмалку шест лица се повредени во навивачки пресметки пред првиот натпревар од Лигата на шампионите меѓу грчкиот тим и Динамо Загреб, кој треба да се одигра во вторник навечер на стадионот на АЕК во предградието на Атина.

„Пред стадионот се случија сериозни инциденти. Млад Грк е избоден до смрт, а уште шест повредени се уште се во болница“, соопштила грчката полиција.

Избодениот 22-годишник бил пренесен во болница во Атина пред да им подлегне на повредите во вторникот вечерта, додала полицијата.

Уапсени се 83 лица по жестоките судири меѓу навивачите на двата клуба. Уапсените ќе бидат изведени пред судија во вторник наутро, јавува грчката новинска агенција Ана. Околу стотина хулигани од хрватскиот клуб биле во грчката престолнина, додава агенцијата.

Секако, по сите овие страшни информации од Атина, се стравува дека УЕФА би можела да го направи најригорозниот чекор, односно да го исфрли Динамо од понатамошното натпреварување и да го откаже натпреварот, пишуваат дел од хрватските медиуми.

Се забележува дека во инцидентите, при помош на хрватските навивачи „Бед блу бојси“ дошле и фановите на грчки Панатинаикос, кои се во блиски релации со симпатизерите на клубот од Загреб.

Слични содржини