Нема крај на ужасот: Хулиганите искршиле глава на 12-годишно девојче во Атина, меѓу уапсените и Албанец и Босанец!

од Nikola Popovski
445 прегледи

Во хулиганска тепачка во Атина меѓу фановите на АЕК и Динамо Загреб загина 22-годишно момче, а сега се појавија информации од грчките медиуми дека и 12-годишно девојче било каменувано.

Нема повеќе информации за нејзината состојба, освен дека е хоспитализирана со тешки повреди на главата, како и десетици повредени навивачи во крвавиот судир за кој зборува цела Европа.

Навивачите на Динамо од Загреб отпатуваа во Грција и покрај забраната од УЕФА. Тие дошле во населбата Неа Филаделфија со јасна намера да направат инциденти.

Првичните информации говорат дека усмртениот навивач на АЕК имал повеќе убодни рани нанесени со нож.

Веднаш бил пренесен во болница, но ниту сите напори на лекарите не биле доволни да го одржат во живот.

Според информациите на грчкиот портал „Прототема“, ранети се уште осум лица, тројца Грци и пет Хрвати, а меѓу повредените има и малолетник (17).

Досега се уапсени 96 лица, а сите се во зградата на Генералната полициска управа во Атина. Уапсени се 87 Хрвати, пет Грци и еден Албанец, Босанец, Германец и Австриец.

Целиот хаос се случи во делот од градот каде што се наоѓа стадионот на АЕК, а Хрватите со свои автомобили во приватна режија отпатувале до Грција бидејќи организирано им бил забранет влез во земјава.

Во овој момент не се знае дали ќе се одигра самиот натпревар кој е закажан за вечерва од 20.45 часот. Следуваат серија итни состаноци на кои ќе присуствуваат и челниците на УЕФА, по што ќе бидат донесени конкретни одлуки.

Слични содржини