Намирници кои често ги јадеме за појадок, а предизвикуваат воспаление во организмот

од Stefanija Kuzmanovska
386 прегледи

Основата на доброто здравје е составена од хранливи материи, витамини и минерали кои ги внесуваме со здрав појадок.

Меѓутоа, од друга страна, одредени намирници не ја исполнуваат задачата и можат да доведат дури и до воспаление во организмот.

Хроничното воспаление е последица на бројни болести, како што се: дијабетес, срцеви заболувања, мозочен удар, но и лоша исхрана, стрес, недостаток на сон или недостаток на физичка активност.

Кога станува збор за исхраната, исклучувањето на храната што може да придонесе за воспаление, особено од појадокот, може да го намали ризикот.

Доколку имате ваков или сличен здравствен проблем, обидете се да ги ограничите овие неколку намирници и најважниот оброк во денот заменете го со здрава алтернатива.

Овесна каша со вкус

Овесната каша е исто така на списокот на подмолна воспалителна храна. Иако може да биде едноставен, лесен и здрав појадок полн со здрави влакна, витамини и јаглехидрати, овесната каша со вкус и додаден шеќер може да придонесе за воспаление и да создаде контра ефект.

Истражувањата покажаа дека исхраната богата со шеќер може да ги зголеми воспалителните маркери во телото, што го влошува самото воспаление.

Затоа, овесната каша без дополнителни вкусови е вистинскиот избор, која со додавање на овошен и јаворов сируп може да направи комплетен оброк.

Палачинки и вафли
Палачинките и вафлите најчесто се мешавина од бело брашно и додаден шеќер, со многу малку протеини или влакна за балансирање на шеќерот. Освен тоа, шармот на палачинките лежи во засладените и масни чоколадни намази, што ја прави оваа комбинација рецепт за катастрофа.

Палачинки за појадок одвреме-навреме се во ред, но честото консумирање не е добро поради воспаленијата.

Мафини
Мафините или крофните изгледаат како вистински избор кога сакате да го кренете шеќерот набрзина со појадок, меѓутоа, овие слатки често содржат големи количини состојки за кои се знае дека предизвикуваат воспаление, особено ако ги консумирате во големи количини во подолг период.

Иако, во зависност од подготовката, мафините можат да делуваат како здрава алтернатива, тие се лош избор за луѓе со воспалителни проблеми.

Преработено црвено месо
Најдобрите пријатели на матените јајца, колбасите и сланината, не се толку добри за организмот, особено кога има воспаление. Овие две намирници се богати со соединенија наречени напредни производи за гликација.

Овие соединенија се поврзани со повисоки нивоа на воспаление, како и со некои хронични болести. Не мора целосно да го избегнувате месото кога станува збор за појадок, но препорачливо е да го ограничите внесувањето на овие намирници.

Бел леб
Парче тост со малку топол путер изгледа како совршен појадок. За жал, белиот леб се прави од бело брашно, кое брзо се вари, па чувството на глад брзо се враќа. Белото рафинирано брашно се поврзува со зголемено ниво на воспаление.

Постојат добри алтернативи за производите од бело брашно. Всушност, интегралните житарки се поврзани со намаленото воспаление, помал ризик од хронични болести и многу други здравствени придобивки, пренесува City Magazine.

Слични содржини