Рускиот претседател Владимир Путин потпишал указ за суспендирање на одредени одредби од договорите на Русија со САД, ЕУ и другите непријателски земји за избегнување на двојното оданочување.
Како што се наведува, документот е усвоен „врз основа на потребата од преземање итни мерки поради непријателските дејствија на голем број земји кон Русија“.
Со уредбата се суспендираат одредени одредби од договорите со Полска, Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја, Шведска, Луксембург, Романија, Бугарија, Велика Британија, Унгарија, Ирска, Словачка, Албанија, Белгија, Словенија, Хрватска, Канада, Швајцарија, Црна Гора, Чешка, Данска, Италија, Финска, Германија, Франција, Македонија, Кипар, Шпанија, Литванија, Исланд, Португалија, Австрија, Грција, Нов Зеланд, Австралија, Сингапур, Малта и Јапонија, пренесува „Спутник“.
Владата на Руската федерација лани во март ја одобри листата на странски земји и територии кои преземаат непријателски дејствија кон Русија, нејзините компании и граѓани. На листата со речиси 50 земји се наоѓа и Македонија.
Земјите споменати на оваа листа наметнаа санкции или се приклучија на санкциите против Русија по почетокот руската инвазија на Украина.