Предупредување до Британците кои патуваат низ Европа по случаите на конго-кримска треска во Македонија

од Nikola Popovski
967 прегледи

Британците кои планираат да патуваат во Европа овој месец се предупредени да внимаваат каде заминуваат на летување откако една жена од Македонија почина од болеста конго-кримска хемогарична треска, која ја пренесуваат крлежите, пишува „Мирор“.

Оваа болест убива до 40% од заразените, наведува Светската здравствена организација. Македонските власти ги следат контактите на починатата пациентка, како и на заразената болничарка која е втор случај во државата.

Болеста се пренесува меѓу луѓето преку крв и секрети.

Сомнежите се дека неименуваната жена се заразила откако на 19-ти јули во штипско ја каснал крлеж. Таа била хоспитализирана четири дена подоцна.

Кримско-конгонската хеморагична треска вклучува болки во мускулите, вртоглавица, чувствителност на светлина и главоболка. Може да доведе до откажување на органите и внатрешно крварење.

Оваа болест првпат се појавила на Крим во 1944 година, а сега е ендемична во Африка, Балканот, Блискиот Исток и некои азиски земји.

Експертите веруваат дека може да се шири надвор од нејзините вообичаени територии и да се приближи до Велика Британија како резултат на климатските промени. Седум случаи се регистрирани во Шпанија, вклучително и три смртни случаи, од 2016 година.

Од мај, хеморагичната треска е една од „деветте приоритетни болести“ на Светската здравствена организација.

Слични содржини