Македонија ќе добие 4 милиони долари од продажбата на имот на СФРЈ во Њујорк – 3,6 милиони веќе се префрлени

од Nikola Popovski
275 прегледи

Во врска со наводите изнесени од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за заедничката продажба на објектот на Мисијата на поранешна СФРЈ при ООН во Њујорк, од Кабинетот на Стево Пендаровски информираат дека претседателот е редовно информиран од надлежното министерство за досегашниот тек на процесот.

Oд вкупниот износ на средства, 4 милиони американски долари, дел кој ѝ припадна на Република Северна Македонија, 3.4 милиони се префрлени, а останатиот дел од 0.6 милиони се очекува да биде префрлен наскоро.

Кабинетот на Пендаровски додава дека согласно договорот, кога ќе биде заокружена целата купопродажна трансакција, сите средства ќе бидат префрлени во нашиот државен буџет.

Претседателот Пендаровски очекува дека средствата од заедничката продажба на имотот кои ѝ припаднаа на Северна Македонија да бидат искористени согласно заклучоците на Владата за купување на простории за Постојаната мисија при ООН во Њујорк и за објект за амбасада во Софија, стои во реакцијата од вила Водно.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска обвини дека повеќе од една недела, „Ковачевски и Османи кријат што се случува со 4.000.000 долари на сметка на Мисијата на Фрчкоски во Њујорк“.

На сметката на мисијата се префрлени пари од поделбата од продажба на имот на СФРЈ, префрлени се лани, по продажбата во септември. Од тогаш, на два пати, во декември лани и јуни годинава, Фрчкоски како амбасадор добива официјални инструкции да ги врати парите во буџет на Македонија, но тоа тој не го прави!?, прашал Стоилковски.

Слични содржини