Први симптоми на менопауза за кои ретко се зборува

од Stefanija Kuzmanovska
1,3K прегледи

Кога размислуваме за менопаузата, најчестите симптоми кои ни паѓаат на ум се бранови на топлина, ноќно потење, замор, проблеми со спиењето и пропуштени менструации.

Сепак, лекарите објаснуваат дека има и други знаци кои откриваат дека менопаузата се приближува, а ние никогаш не би ги поврзале со оваа состојба. Според британски „The Sun“, постојат неколку необични симптоми на менопауза, а еден од нив е чувството на пецкање во устата.

Излегува дека овој бизарен симптом се нарекува синдром на пецкање во устата и всушност може да биде предизвикан од менопаузата. Освен болка, непријатност и вкочанетост, други симптоми може да вклучуваат сува уста, горчлив или метален вкус во устата или целосно губење на вкусот.

Истражувањата покажуваат дека овој необичен симптом влијае на 18 до 33 отсто од жените во менопауза.

Друг необичен симптом на менопаузата е зуење во ушите – тинитус. Како што објаснуваат лекарите, хормоналните промени предизвикани од менопаузата можат да имаат голема улога во развојот на оваа состојба, која само ретки жени ја поврзуваат со почетокот на менопаузата.

Тинитусот најчесто е предизвикан од изложување на гласни звуци или се јавува како несакан ефект од одредени лекови.

Слични содржини