Паника во Турција, тлото повторно се тресе: Има повредени (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
356 прегледи

Најмалку 23 лица се повредени синоќа во земјотресот што ја зафати јужна Турција. Земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Како што пренесува „abcnews“, турските власти потврдиле дека епицентарот на земјотресот бил во градот Јесилурт во провинцијата Малатија, а земјотресот бил почувствуван и во Адијаман.

И двете провинции беа погодени од разорните земјотреси во февруари оваа година, во кои загинаа најмалку 50.000 луѓе во Турција и Сирија.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коца во објава на социјалните мрежи соопшти дека повредите здобиени во Малатија и Адијаман се состоеле од падови и луѓе кои се скокале од пониски згради, во страв за да не бидат згмечени.

Телевизијата НТВ објави дека може да се забележат одредени оштетувања на зградите како резултат на земјотресот во четвртокот.

Слични содржини