Варијантата на коронавирусот, позната како EG.5 или Ерис веќе почнала да се шири низ Велика Британија, Кина и САД. Сепак, СЗО информира дека оваа нова подваријанта на омикрон не претставува голема закана.
Врз основа на достапните докази, ризикот за јавно здравје предизвикан од EG.5 е оценет како низок на глобално ниво, соопштила агенцијата, додавајќи дека ризикот се чини дека е на исто ниво со другите вируси кои вообичаено циркулираат.
Иако EG.5 покажа зголемена преваленца, предност при раст и својства на имунодефициенција, до денес нема пријавени промени во тежината на болеста, додаваат од СЗО.
Кристина Пагел, професор по оперативно истражување на Универзитетскиот колеџ во Лондон, рекла дека додека EG.5 се шири и се чини дека е „подобар“ во борбата против имунолошкиот систем, дозволувајќи му да ги надмине другите вируси, нема докази дека предизвикува потешка болест.
Таа додала дека најверојатно ќе предизвика бран од повеќе случаи, заедно со проблемите што ги носат, како што се повеќе хоспитализации, но во овој момент нема причина да се мисли дека ќе биде полошо од претходните бранови оваа година.
Пагел забележала голем пад на имунитетот, што поради вакцинирањето или претходните инфекции, што може да значи дека постои шанса EG.5 да зајакне.
Професорот Стивен Грифин, виролог од Универзитетот во Лидс, информирал дека иако преваленцата на EG.5 се зголемува релативно бавно во Велика Британија, неговата инфективност и способност да избегнува антитела значи дека случаите би можеле побрзо да се зголемат штом младите ќе се вратат на училиште, а возрасните на работа.
Минатата недела, Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) објави статистика која покажува дека EG.5, или поточно неговата подваријанта EG5.1, претставува околу 15% од секвенцираните случаи на коронавирус во Англија.
Д-р Мера Чанд, заменик директор на UKHSA, соопштила дека појавата на нови варијанти не е неочекувана.
Вакцинацијата останува наша најдобра одбрана од идните бранови на коронавирусот, па сепак е важно, како и секогаш, луѓето да ги добијат сите дози што им следуваат што е можно поскоро, заклучила таа, пишува „TheGuardian.com“.