Во пресрет на денешниот закажан протест на пензионерите во Скопје, СДСМ постојано презема мерки и решенија за унапредување на животниот стандард на пензионерите. Од партијата велат дека во 2016 година, просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, а денес во 2023 година таа изнесува 19.106 денари, што е покачување од 40 отсто.
-Сите пензионери во најкризните месеци, март, април и мај 2022 година добија по 1.000 денари додадок на пензија, а потоа во времетрање од четири месеци има беше помогнато на пензионерите со најниски пензии со дополнителна финансиска помош од 750, односно 1.500 денари.
СДСМ донесе системско решение за фер и праведно зголемување на пензиите на сите 330.000 пензионери, со кое растот на пензиите, никогаш повеќе нема да зависи од нечија политичка волја, туку тоа ќе се одвива на секој шест месеци како збир од проценти од официјални статистички податоци, истакнаа од владеачката партија.
СДСМ бара да не се манипулира со пензионерите, нашите највозрасни сограѓани кои ја граделе оваа држава треба да имаат услови за достоинствен живот.
Пензионерите од најголем од дел од градовите во државата, денеска преку протест во Скопје ќе побараат линеарно покачување на платите, како и минималната пензија да се изедначи со минималната плата.