СДСМ: Ниту збор не кажува Мицкоски за тоа што немаше државно знаме и химна во Тетово

од Nikola Popovski
213 прегледи

Ниту Стоилковски, ниту ДПМНЕ не може да го покријат срамниот молк на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, велат од СДСМ преку соопштение. Од партијата се децидни дека со денови Мицкоски молчи за настаните во Тетово кои ги организирал, како што велат, неговиот коалициски партнер Касами.

СДСМ истакнува дека ниту збор не кажува Мицкоски за тоа што немаше државно знаме, за тоа што немаше државна химната.

Молчат и советниците од ДПМНЕ во Тетово, и тие го бранат Касами. Мицкоски се стави во одбрана на Касами, неговиот коалициски партнер, кој беше организатор на настанот, истакнаа од партијата на власт.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека премиерот Димитар Ковачевски, додека бил заменик-министер за финансии гласал за преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во улица „Адем Демачи“.

Посетата на Курти предузвикаа големи контроверзии во македонската јавност – од тоа дека се сретна само со албанските опозиционери, до преименувањето на улица во човек кој нема никаква врска со историјата не земјава, до истакнување на знаме на голема Албанија на собирот во Тетово.

Слични содржини