Справувањето со притисокот и стресот денес стана речиси секојдневна појава. Без разлика дали се работи за нашиот професионален живот, личните односи или секојдневните предизвици, секој од нас реагира на стресот на свој начин. Додека некои луѓе остануваат смирени и прибрани дури и во најтешките ситуации, други лесно се чувствуваат преоптоварени и не знаат како да се справат со притисокот. Според астролозите, секој хороскопски знак реагира на стресот на свој начин. Во продолжение дознаваме кои хороскопски знаци „пукаат“ под притисок.
Рак
Раковите се познати по својата емотивна природа. Кога се соочуваат со стрес, тие често се повлекуваат во својот оклоп и бараат утеха во самотијата и носталгијата. Нивната чувствителност ги прави ранливи на критики и негативни околности, што може да резултира со чувство на преоптоварување.
Риби
Рибите се уште еден воден знак со длабок емоционален капацитет. Тие често се чувствуваат преоптоварени со чувства и емпатија кон другите, што може да ги направи исклучително чувствителни на стресни ситуации. Рибите често бараат бегство во мечтаењето или уметноста за да се справат со стресот.
Девица
Иако Девиците се познати по својата аналитичка природа и острото размислување, нивната склоност кон перфекционизам може да ги направи подложни на стрес. Кога работите не одат според планот, Девиците можат да станат вознемирени и преокупирани со детали.