Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска сподели со јавноста дека во првото полугодие од 2023 година откриени се 372 кривични дела и кривично пријавени 440 сторители во борбата против недозволена трговија со дрога.
Во објавата на неговиот официјален фејсбук профил Спасовски сублимирајќи ги резултатите за првите шест месеци, наведува и дека се зголемени и заплените на кокаин, амфетамин и екстази и тоа: 286 кг марихуана, 7 кг амфетамин, 3 кг кокаин и 3.532 парчиња екстази.
Откриена лабораторија за производство на амфетамин, пресечени три транспорти на марихуана, сузбиени пет криминални групи и Меѓународна акција во Грција каде се запленети 104,6 кг кокаин. Продолжуваме отчетно и транспарентно – МВР за граѓаните 2023, објави Спасовски на Фејсбук.